Успешните приказни на Проектот за локална самоуправа се пред се наменети за информирање на американски читатели за постигнување на проктните цели. За повеќе информации за активностите,
ве молиме прочитајте го делот со Проектни вести.
| Големи Чекори за Мала Општина |
Општина Зајас, рурална општина сместена во средишниот дел на западот од Република Македонија, се соочува со новите предизвици и обврски кои произлегоа со процесот на децентрализација. Новите обврски, кои општините ги добија како резултат на Охридскиот Рамковен Договор, што доведе до крај на вооружениот конфликт во 2001 година, им овозможија поблизок и поефективен контакт со граѓаните преку поефикасно општинско управување.
Повеќe. |
| Потпишан првиот општински заем во Македонија |
|
Потпишувајќи го Договорот за Заем на 18 Јули 2008 година, Општина Карпош и УНИ Банка го означија почетокот на новиот начин на финансирање и развој на кредитниот пазар за општините. Проектот на УСАИД за Локална Самоуправа во Македонија и Одделот за Развој на Кредити, преку гарантниот фонд на УСАИД (DCA) направи голем чекор нанапред. Општина Карпош доби согласност, од Владата на Република Македонија, базирано на позитивното мислење на Министерството за Финансии, преку овој програм до го добие првиот општински заем во Македонија. Повеќe. |
| Младината кон патот на развојот |
|
УСАИД Проектот за Локална Самоуправа во Македонија, заедно со “YES” Фондацијата и Општина Гази Баба, на 24 Ноември 2008 година го отворија CISCO Институтот за Предприемачи. Институтот е сместен во просториите на Општина Гази Баба, кои ги користи YES Инкубаторот, како што уште ја нарекуваат оваа институција, поради нејзината намена да ги помага младите во почетоците и развој на нивниот бизнис.Повеќe. |
| Организирани, Информирани, Едуцирани |
Во Овчеполието, на едно 6 километри северозападно од Свети Николе, се наоѓа селото Горобинци со своите 1000 жители. Како и во целиот регион, ова население претежно се занимава и својата егзистенција ја остварува преку сточарство и земјоделство. Сепак, немаат сите можност да поседуваат обработлива земја во опсег кој ќе им овозможи напредок во работата, наместо само едноставно преживување.
УСАИД преку својот Проект за Локална Самоуправа во Македонија, ја помогна Фондацијата за Обнова и Развој на Овче Поле (ФОРОП), која представува здружение на фармери од Свети Николе. Здружението соработува со фармерите и земјоделците од регионот со цел да ги поттикне во исполнувањето на своите цели како и целите на Владата на Македонија која се залага за регистрирање на сите сточари и земјоделци. Со регистрацијата тие би добиле можност за користење државно земјиште, со што Владата го поттикнува земјоделството и сточарството, а воедно би се намалила и стапката на невработеност во некои предели на државава.
Повеќe. |
|