Проектот за локална самоуправа во Македонија е четиригодишен проект (2007 - 2011) финансиран преку Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и имплементиран од АРД, Инк. Успешната децентрализација на надлежностите и општите практики на доброто управување се еден од приоритетите на надворешната политика на Соединетите Американски Држави и клучен елемент на Стратегијата на Мисијата на УСАИД во Македонија.
Надградувајќи се врз претходно постигнатите успеси и резултати на УСАИД во областа на децентрализацијата, Проектот за локална самоуправа има за цел да обезбеди помош на општините во Македонија преку 1) поддршка на развивањето на системот на финансирање на општините, 2) подобрување на општинските капацитети за финансиско управување, 3) зајакнување на кредитоспособноста на општините за поголеми и подобри инфраструктурни инвестиции, 4) подобрување на собирањето на даноци и такси на локално ниво, 5) помош на општините за стимулирање на локален економски развој, и 6) зголемување на транспарентноста и отчетноста на локалната власт.
Проектот за локална самоуправа соработува со ЗЕЛС. Активностите на Проектот се спроведуваат преку добро дизајнирана стратегија за имплементација која вклучува идентификација и реплицирање на најдобрите општински практики на управување развиени и применети од водечките општини во Македонија. Проектот за локална самоуправа ги фокусира своите активности на исклучително важните оперативни области на локалната самоуправа. Главните цели на напорите и поддршката на општините на Проектот за локална самоуправа за неговото времетраење се следните:
. Подобрена регулативна рамка на децентрализацијата.
. Подобрено општинско финансиско управување.
. Подобрен општински капацитет за планирање на капитални инвестиции.
. Зголемени приходи на општините од сопствени извори.
. Подобрена деловна клима за локален економски развој.
. Зголемена транспарентност и отчетност на локалната власт.
Во рамките на сегашниот контекст и мисијата на проектот, УСАИД во Македонија има дефинирано три примарни првични цели за Проектот за локална самоуправа:
1. Општините имаат подобрен капацитет за финансиско управување и отчетност, и како такви а) ги исполнуваат критериумите за преминување во Фаза II и б) можат да позајмуваат од приватни кредитни пазари;
2. Општините сé повеќе имаат капацитет да генерираат приходи од сопствени извори и сé помалку се зависни од трансфери од централната власт; и
3. Општините сé повеќе се транспарентни и поотчетни кон граѓаните во однос на финансиското работење и донесување одлуки.
Со цел поефикасно да ги постигне овие конкретни цели на УСАИД, Проектот за локална самопурава има дизајнирано пристап и стратегија за имплементација која се состои од интегрирани и сеопфатни проектни активности. Преку спроведување на самите активности, проектните ресурси се целисходно и ефикасно фокусирани на понатамошниот напредок на децентрализацијата и поддршката на локалната самоуправа во Македонија.
Проектот за локална самоуправа постојано го следи и оценува прогресот на сите свои активности и нивното влијание согласно соодветните индикатори на успехот. Покрај тоа, специфичните подобрувања на општинскиот капацитет за извршување на функциите како резултат на проектните активности се оценуваат според ревидираниот Индекс на капацитетот на општините (Municipal Capacity Index (MCI)).
|