Транспарентност и одговорност
Една од главните цели на УСАИД Проектот за локална самоуправа е да се подобри траснпарентноста и одговорноста во локалните самоуправи во Македонија со цел да се зголеми квалитетот на раководењето во општините. За да се одговори на овие прашања УСАИД Проектот за локална самоуправа ги поддржува општините имплементирајќи активности кои се однесуваат на: обуки за користење на електронскиот систем за јавни набавки, редизајн на општинските веб страни кои ќе бидат во функција на граѓаните, дизајн на нови веб апликации, воведување на ефективни механизми за добивање на повратни информации од граѓаните, но, исто така, обезбедува индиректна помош на општините преку програми кои се спроведуваат во соработка со ЗЕЛС.
УСАИД Проектот за локална самоуправа работи во следните области:
- Директна техничка помош на партнер општините:
- Обука за електронски јавни набавки
УСАИД Проектот за локална самоуправа организираше обуки за користење на електронскиот систем за јавни набавки, кој придонесува за намалување на цените и елиминрање на можностите за корупција. Обуките, кои беа спроведени во соработка со УСАИД Проектот за Е-влада и Бирото за јавни набавки обезбедуваат детално објаснување на системот и чекорите кои се неопходни за успешно спроведување на електронска јавна набавка. Со користењето на овој систем се очекува значително да се заштеди на времето и парите потребни за спроведување на јавните набавки, а што е поважно, да се намалат можностите за корупција.
- Подобрување на општинските веб страни
УСАИД Проектот за локална самоуправа е свесен дека електронска влада може да игра важна улога во подобрувањето на ефикасноста на локалните самоуправи и зголемувањето на можностите за пристапот на граѓаните кон општинските информации и услуги, како и за подобрување на односот помеѓу општината и стопанството. За да им помогне на општините да ги подобрат своите веб страни, УСАИД Проектот за локална самоуправа работи со сите партнер општини на редизајнирање на нивните веб страни.
Исто така, УСАИД Проектот за локална самоуправа изготви веб апликација за пријавување на проблеми за да им помогне на општините да воведат алатка која ќе овозможи побрза интеракција помеѓу граѓаните и општинската администрација. Овој систем овозможува во секое време од денот, седум дена во неделата, преку интернет порталот на општината, граѓанинот да може да пријави комунален проблем кој општинските служби ќе се обидат да го решат во најкраток можен рок. За возврат, општините ќе можат да постигнат значителни резултати во подобрувањето на ефикасноста на своите услуги и така значително да го зголемат задоволството на граѓаните. Апликацијата им е ставена на располагање на сите општини.
- Механизми за добивање на повратни информации од граѓаните
УСАИД Проектот за локална самоуправа изготви Прирачник за добивање на повратни информации од граѓаните. Овој прирачник нуди широк спектар на ефективни механизми за добивање на повратни информации од граѓаните во општините во Македонија, кои ќе овозможат реално и континуирано влијание од страна на граѓаните врз работата на општинската администрација. Прирачникот се користи во обуките и техничката помош која се обезбедува на општините за да се воспостават овие механизми.
2. Соработка со ЗЕЛС на Програмата за Транспарентна општина
УСАИД Проектот за локална самоуправа соработува со ЗЕЛС преку поддршка за програма за зголемување на стандардите на транспарентност во општините. Целта на програмата е да им се помогне на општините во подобрување на транспарентноста, отчетноста и граѓанското учество. |