За нас
    Публикации
     Успешни
     приказни
     Галерија
    Контакти
 

Корисник

Лозинка

 
Собирање на даноци и такси и генерирање на приходи

Данокот на имот и комуналните такси секогаш се едни од најважните извори на приходи на општините. Со почетокот на децентрализацијата во јули 2005, администрирањето на даноци стана централна одговорност што комплетно се извршува од страна на локалната самоуправа.

Надградувањето на модерниот систем за администрирање на даноци, што беше воспоставен од претходниот УСАИД Проектот за децентрализаја, го продолжи УСАИД Проектот за локална самоуправа со сеопфатен сет на активности, поддржувајки го понатамошниот развој на модерни и комплетно функционални одделенија за администрирање на даноци во сите општини во Македонија. Активностите вклучуваат воспоставување на модерни одделенија за администрирање на даноци и овозможување на неопходните алатки за успешно администрирање на данокот на имот, данокот за подарок и наследство, данокот за трансфер на имот и комуналните такси. Предизвикот со кој што се соочи Проектот за локална самоуправа е како да се создадат административни капацитети во руралните општини, кои што ќе бидат на исто ниво со административните капацитети на урбаните општини и истовремено да се направат значителни подобрувања во стапката на наплата на даноците и ажурирањето на регистрите за данок на имот. Помошта што ја овозможува УСАИД Проектот за локална самоуправа е воглавно насочена кон поддршка на руралните општини. Истовремено Проектот за локална самоуправа продолжи со добрата соработка и поддршка на сите оддели за администрирање на даноци во Македонија во нивните напори за континуирано подобрување на системот за администрирање на даноци.

Целта на Проектот е поддршка на одделенијата за администрирање на даноци со цел тие да ги развијат своите менаџерски и административни капацитети за успешно реализирање на одговорноста за администрирање на даноци. Поточно, мандадот на Проектот за локална самоуправа е да се овозможи техничка помош и обука за подобрување на капацитетите на општините во остварување на приходите од сопствените извори, посебно но не исклучиво со акцент на данокот на имот, овозможување на техничка помош за ажурирање и проширување на регистрите за данок на имот и подобрување на стапката за наплата на даноците, како и овозможување на обука и евидентирање и проценка на имотот и поддршка на општините во создавање на системи за инспекција на имотот.

За да се постигне оваа цел УСАИД Проектот за локална самоуправа креираше сеопфатен сет на активности за администрирање на даноците. Резултатите од овие напори ги вклучија, но се ограничија на следниве активности: помош на осумнаесет општини во создавање на модерни, комплетно функционални и самостојни одделенија за администрирање на даноци. Со тоа УСАИД овозможи поддршка со 100 % покриеност на сите општини во Македонија.

Поддршката на општините во доменот на администрирање на даноците се состои од обезбедување на комплетна компјутерска опрема ( хардвер и софтвер), обуки на терен за користење на системот за администрирање на локалните даноци, како и помош во креирање и организирање на кампањи за подигнување на јавната свест, поддршка во ажурирањето на базите на податоци на три пилот општини ( каде што постоечките регистри се ажурираа и се зголемија за 15%, додека нивниот приход од имот се зголеми за 200%) и директна техничка помош насочена кон подобрување на функцијата на општините за администрирање на даноците.

Дополнително на активностите на локално ниво, Проектот за локална самоуправа продолжи со активностите на национално ниво во рамки на подобрување на целокупната законска рамка за администрирање на даноците и ја доведе истата поблиску до реалната пазарна вредност на недвижностите, како што се применува во повеќе напредни западни демократии. Овие активности ја вклучуваат поддршката што Проектот за локална самоуправа ја овозможи за Министерството за финансии преку предлозите изработени во соработка со ЗЕЛС и другите заинтересирани страни во врска со законската рамка за администрирање на даноците, посебно во врска со ажурирање на Методологијата за проценка на недвижностите.

Администрирањето на даноците во Македонија е актуелен процес и бара постојана поддршка. Имајки на ум, што наследија општините во однос на администрирањето на даноците во 2005 кога започна децентрализацијата, вклучувајки стари и неажурирани регистри на имот, недоволно обучен персонал, недостаток на соодветен софтвер за администрирање на даноците и многу ниско ниво на наплата на даноци. Три години потоа   (март 2006 – трансферот на базата на податоци од Управата за јавни приходи во општинските оддели за администрирање на даноци) или од моментот кога општините комплетно го превземаа процесот на администрирање на даноци, можеме со гордост да кажеме дека процесот на администрирање на даноци во Македонија е на добар пат.

Во 2009 сите одделенија за даноци наплатија одприлика 16.000.000 американски долари повеќе од 2006 година. Ова е добар индикатор што покажува дека процесот за администрирање на даноци во Македонија напредува, но како и сите други актуелни процеси бара континуирана поддршка и дополнително внимание.

 


Partners
USAID FROM THE AMERICAN PEOPLE
USAID 50th anniversary

ZELS

Association of finance officers
За нас | Дискреција | Публикации | Успешни приказни | Симнување на Plug - In | Контакти
  Информациите истакнати на оваа веб страна не се официјални информации од Владата на САД и не претставуваат ставови или мислења искажани од Американската Агенција за Меѓународен Развој (УСАИД) или од Владата на САД
 © 2009 УСАИД Проект за локална самоуправа. Сите права задржани.