Проектот за локална самоуправа обезбедува техничка помош на општините која што овозможува да се определи нивниот капацитет за задолжување преку примена на алатката за само-проценка на општинската кредитна способност, како и да се испита и согледа финансиската состојба на општината поврзана и во однос на различни сценарија за заем. Употребата на оваа алатка исто така овозможува општините во Македонија да:
- Собираат финансиски информации за да можат сами да ја оценат својата финансиска рамнотежа, и како резултат на тоа да го проценат нивниот фискален капацитет за задолжување или емисија на општински обврзници
- Вршат што попрецизно предвидување на приходите и расходите
- Подобро ги разберат влијанијата на приходите и расходите во тековно-оперативниот и капиталниот буџет
- Ги анализираат факторите кои може да го подобрат собирањето на приходите и ефикасноста во трошењето на средствата
- Мониторираат и известуваат за нивото на акумулирани и достасани обврски за плаќање (или краткорочен долг)
- Симулираат различни сценарија за заеми со можност за модифицирање на условите за заем
Целта на алатката за само-проценка на општинската кредитна способност е да ја сумира и опише финансиската состојба на локалната самоуправа, користејќи ги принципите и методологијата применети од страна на агенциите за кредитен рејтинг кога ја оценуваат кредитната способност на локалните власти врз основа на историските буџетски трендови и предвидените сценарија за нивото на приходи и расходи.
За кого е наменета, на кого му користи и на кого влијае алатката
Примената на оваа алатка е од корист на голем број различни групи на учесници во процесите кои се одвиваат на локално ниво. Зависно од различното ниво на детали во аналитичките табеларни прегледи, информациите кои се синтетизирани во алатката за финансиска анализа може да бидат корисни за секоја од следните групи:
- Градоначалници
- Членови на Општинскиот Совет
- Општински службеници за финансии и буџет
- Службеници одговорни за собирање и администрирање на локални даноци и такси
- Службеници за локален економски развој
- Жителите на општината
- Агенциите за кредитен рејтинг и комерцијалните банки
Анализата и резултатите од проценката покажуваат како општините може да ги користат финансиските индикатори за да воспостават основа за кредитоспособност и да ги дијагностицираат ризиците што ќе им помогне при утврдување на капацитетот за отплата на обврската по долг.
Повеќе информации
За секоја дополнителна информација Ве молиме контактирајте го Ѓорѓи Јосифов, Тим Лидер за капитално буџетирање и задолжување на општините на gjosifov@mlga.com.mk
|