За нас
    Публикации
     Успешни
     приказни
     Галерија
    Контакти
 

Корисник

Лозинка

 
План за менаџирање на постигнувањата на Проектот за локална самоуправа

Овој план е важен механизам за менаџирање и документирање на постигнувањата на Проектот за локална самоуправа. Тој овозможува навремено и конзистентно собирање на споредбени податоци за постигнувањата со цел да се донесат подобри одлуки за работењето на Проектот.

Овој план има за цел да му помогне на тимот на Проектот за локална самоуправа да го планира и менаџира процесот на евалуација и известување за прогресот во постигнувањето на целите на проектот. Тој е исклучително важна алатка за планирање, менаџирање и документирање на тоа како податоците за постигнувањата на Проектот се собираат и користат. Како таков, овој план служи за:

  • Дефинирање на специфични индикатори за постигнувањата, утврдување на почетни податоци и дефинирање на цели.
  • Планирање и менаџирање на процесот на собирање податоци за потребите на известувањето на квартално ниво како и на  крајот на проектот согласно определени стандарди за квалитет
  • Инкорпорирање на релевантните барања во врска со собирање на податоците во самите проектни активности
  • Споделување на определените очекувања и предвидените резултати со УСАИД и другите партнери на проектот.

Планот за менаџирање на постигнувањата придонесува за ефективноста на постигнувањата на проектот со тоа што се обезбедува редовно и навремено собирање на споредбените податоци. Со користење на овој план за документирање на дефинирање на индикаторите, изворите и методите за собирање на податоците се зголемува веројатноста програмата да има пристап до  споредбени податоци во секое време, дури и во случај да се промени клучниот персонал. Планот за менаџирање на постигнувањата исто така подржува собирање на веродостојни податоци со документирање на колку често и кога се собираат податоците како и со доделување на одговорност за нивно собирање.

Како Проектот за локална самоуправа ќе ги добие податоците

Податоците за следење на дефинираните индикатори ќе бидат собрани со користење на неколку методи:

  • Разгледување на релевантни документи како што се записници, публикации и извештаи на општините и министерствата.
  • Интервјуа со партнерите на проектот, како на национално така и на локално ниво.
  • Индексот на капацитетот на општините во Македонија.
  • Индексот на капацитетот на општините е индекс со којшто се мерат промените во институционалниот капацитет и постигнувањата на локалните власти во областите во кои Проектот за локална самоуправа обезбедува техничка помош. Преку Индексот на капацитетот на општините серија на квалитативни податоци се конвертираат во квантитативни резултати, со што се добива мерка на капацитеот на определена општина за спроведување на задачите, кои што согласно проектот треба да се подобрат. Резултатите може да се уппотребат за разгледување на разликите меѓу општините или пак промените во одредена општина за време на траењето на проектот.

Индексот на капацитетот на општините ќе обезбеди податоци за индивидуалните индикатори како и за севкупниот резултат . Севкупниот резултат може да биде од 0 до 100 поени врз основа на 4 индикатори
( од 0 до 5 поени за секое прашање и можност да се добијат вкупно 20 поени) во 5 области во кои што Проектот обезбедува техничка помош. Поените се детерминирани во зависност од следниве категории:

    • 0 поени доколку општината не ги исполнува минималните законски барања и барањата на Проектот.
    • 1 поен доколку општината ги исполнува минималните законски барања и барањата на Проектот.
    • 2 до 3 поени доколку општината е фокусирана на подобрувањата кои што се препорачани од страна на Проектот.
    • 4 до 5 поени доколку општината може да постигне нивоа кои што ја надминуваат обуката и техничката помош обезбедена од страна на Проектот.
(Поради тоа што Индексот на капацитето на општините е прилагоден за да ги рефлектира специфичните области кои што се опфатени со проектните активности, не е возможно да се споредат резултати постигнати во претходните евалуации со сегашниот Индекс на капацитетот на Проектот за локална самоуправа.)

Овие категории се конкретно дизајнирани посебно за секој индикатор во Индексот. Поените се поткрепени со документација обезбедена од општините како што се: буџетите, публикациите и извештаите. Сите поени согласно Индексот се прогресивни. Со други зборови, општините треба да ги исполнат критериумите пропишани со поените 1, 2 и 3 пред да бидат земени во предвид за 4 поени.

Податоците согласно Индексот на капацитетот на општините ќе ги собира локална фирма на годишно ниво од сите 84 општини како и од Градот Скопје, а анализите ќе вклучуваат и споредување на резултатите меѓу партнер општините на Проектот и останатите општини. Поените согласно Индексот се резултат директни интервјуа спроведени на терен и потврдувањето на податоците за секоја општина. Резултатите на евалуцијата согласно Индексот на капацитетот на општините ќе биде презентиран на УСАИД и останатите заинтересирани страни на годишно ниво како и на крајот на Проектот. Овие извештаи ќе ги прикажат промените во секоја општина посебно како и севкупната споредба меѓу општините.

Partners
USAID FROM THE AMERICAN PEOPLE
USAID 50th anniversary

ZELS

Association of finance officers
За нас | Дискреција | Публикации | Успешни приказни | Симнување на Plug - In | Контакти
  Информациите истакнати на оваа веб страна не се официјални информации од Владата на САД и не претставуваат ставови или мислења искажани од Американската Агенција за Меѓународен Развој (УСАИД) или од Владата на САД
 © 2009 УСАИД Проект за локална самоуправа. Сите права задржани.