|
Значењето на ЛЕР и неговата критична улога во процесот на децентрализација, приоритет од аспект на граѓаните и од аспект на сите нивоа на власта
Неодамнешните истражувања на јавното мислење направени од страна на ОБСЕ во Македонија и често изразуваното мислење на државните службеници индицираат дека економскиот развој претставува едно од клучните прашања во земјата. Логично, локалниот економски развој (ЛЕР) е круцијален дел од равенката за подобрување на целокупниот економски развој. Како и да е стимулирањето на на економскиот развој е мултидимензионален и комплексен процес кој што бара внимание и сили од сите учесници одговорни за негова имплементација. Во блиска иднина локалниот економски развој може да игра важна улога во подобрување на кредитоспособноста на општините. Ваквото подобрување во кредитоспособноста се постигнува во помагањето на општините да ги зголемат сопствените извори на приходи и со намалувањето на одредени категории на расходи .
Во генералната правна рамка во Македонија, вклучувајки ја и неодамнешната легислатива, општинските службеници имаат авторитет да етаблираат партнерства со приватни и граѓанско –општествени сектори употребувајки широко препознатливи алатки за имплементација на ЛЕР активностите. Имајки предвид дека ЛЕР е комплексен и мултидимензионален процес и како таков е го овозможува развојот на различни правни акти, закони, процедури и слично, познавањето и добриот пристап на сите овие алатки е важно.
Од друга страна, некои општини немаат официјална планирана стратегија за економски развој иако ова е еден од општинските приоритети. Зголемената неизвесност и комплексност на околностите им налага на општините стратешко менаџирање како никогаш порано. Стратешкото планирање на локалната власт е правилен и логичен одговор на брзите промени во нивните опреративни околини и комплексноста во нивното владеење. Донесувањето на одлуки за економски развој често се случува во неизвесна средина која што бара власта во опшините да дејствува стратешки за да ја надмине информациската асиметрија и релативната економска изолација.
Развојните програми може да помогнат во засилување и диферсификација на економиите во заедниците, зајакнување на основата за локални даноци и генерирање на дополнителни “сопствени извори” на финансиски приходи. Креирањето и имплементрањето на програмите за локален економски е комплексен зафат. Зголемувањата на јавните -приватни партнерства често се вклучени како клучни стратешки елементи. За да се соочат со овие комплексности локалните самоуправи имаат потреба од добро планирање и менаџирање така што планирањето ќе биде разгледано од водечки експерти како една од водечките детерминанти за успех во премовирањето на локалниот економски развој. Стратешкото планирање е широко прифатено меѓу локалните самоуправи за да се управува со комплексноста на имплементација та на локалениот економски развој.
Стратешкото планирање е успешно адаптирано од агенциите за локална самоуправа за да се соочат со формулација и имплементација на регулативите. Врската меѓу имплементацијата на економскиот развој и стратешкото планирање се испоставува дека функционира добро во оние општини каде што беше имплементирано.
Стратешкото планирање има придонесено во исходот во однос на развојот на регулативи за локален економски развој. Уште поважно е што стратегијата за ЛЕР и акционите планови мораат внимателно да се одредат во однос на капацитетот на персоналот кој што треба да ги реализира а воедно и во однос на буџетските ограничувања. На крајот на краиштата, стратешките акциони планови би требало да бидат инкорпорирани во буџетската програна на локалната самоуправа, и соодветни елементи кои што ќе се превземат од носителите на активностите (бизнс асоцијации, јавни услуги, едукативни институции итн.). Севкупната цел е да се поттикнат силните страни, да се надминат слабостите, да се искористат можностите и да се соочат со заканите. Во “крајна линијa” е што приватниот сектор би требало да користи стратешко планирање за да ја подобри употребата на јавните фондови и другите ресурси ( земја и слично) за локален економски развој.
Резултати до денес
Програмatа за ЛЕР на Проектот за локална самоуправа за 1-вата година е креиранa да одговори и на макроекономските барања и на специфичните локални потреби на општините.Трите програми за ЛЕР на Проектот за локална самоуправа кои што беа имплементирани во првата година беа во директна корелација со потребите на општините за локален економски развој. Тие програми се:
- преглед на легислативата ЛЕР – Водич за Македонските кои што имаат врска со локалниот економски развој;
- ЛЕР стратешко планирање и
- ЛЕР грантови
Во продолжение овозможуваме прегелед на активностите од првата година во трите програми.
ЛЕР преглед на легислативата – Водич за Македонските закони за локалниот економски развој
ЛЕР е копплексен и мултидимензионален процес кои што има влијание на развојот на различни правни акти, закони и регулативи. Нажалост, релативно малку практичари во Македонија имаат целосно знаење за сите закони и регулативи кои што се поврзани со ЛЕР. На пример немаше детален и лесно пристапен “единствен извор” кои што би упатил на многубројните закони, регулативи, официјални начелни образложениа, итн. достапни за оние кои што се одговорни за ЛЕР. Проектот за локална самоуправа препозна реална потреба за ваков вид на извор за ЛЕР практичарите и за изработка на Водич за Македонските закони кои што имаат врска со локален економски развој.
Оваа публикација првенствено ќе им служи на практикантите на локалната самоуправа и оние кои што ја изготвуваат регулативата, градоначалниците и советниците, службениците за ЛЕР, бизнисмените и адвокатите и им овозможува поефикасна употреба и примена на правните и регуативните алатки. Ваквиот практичен водич ќе им обезбеди на практикантите многу корисна асистенција и водство за подобар локален економски развој во Македонија. Водичот исто така ќе се докаже како многу корисен за анализите на поврзаната легислатива во смисла на бариери и потешкотии за бизнис единиците во нивниот развој.
ЛЕР Стратешко планирање
Во првата година, Проектот за локална самоуправа организираше иницирачки и заеднички семинар за претставниците на сите општини соработници. Оваа работилница беше проследена со директна техничка асистенција за секоја општина поединечно, резултирајки со развојот за општинските профили.
Првиот семинар за ЛЕР Стратешкото планирање беше изведен за 22 претставника од девет од вкупно десет општини со кои што Проектот за локална самоуправа преку оваа компонента соработуваше во првата година. Главни теми кои што беа опфатени се основните принциппи за ЛЕР, легислативата, улогата на градоначалниците и ЛЕР, општинските профили, истражување на бизнис ставовите и соработката меѓу општините. Неколку успешни ЛЕР практики и алатки како што е бизнис инкубаторот, јавното осветлување преку јавно-приватни партнерства (ЈПП) и менаџирањето со документацијата преку здружена администрација беа презентирани.
Следствено на тоа што Проектот за локална самоуправа востанови директна технична асистенција во десет општини соработници ( Чучер Сандево, Чашка, Дебарца, Демир Хисар, Могила, Ранковце, Старо Нагоричане, Виница, Гостивар, Тетово, Дебар, Валандово и Вевчани) за развој на профилите на општините и ЛЕР Стратешките планови. Сите овие општини ги прибраа информациите кои што им беа достапни спорд примерот од Профилот на општината кои што им го обезбеди проектот за локална самоуправа на координаторите за ЛЕР во општините. Процесот за подготовка на Профилите на општините беше моделиран во договор со локална консултантска компанија Урбан Рурал Консалтинг. Како резултат на тоа, сите десет општини развија свои респективни Профили на опсштините, кои што ќе бидат употребени како појдовна точка за развој на ЛЕР Стратешките планови.
Деталните Стратешки планови за ЛЕР беа изработени во осум партнер општини ( Чучер Сандево, Чашка, Дебарца, Демир Хисар, Могила, Ранковце, Старо Нагоричане, Гостивар, Тетово, Дебар и Вевчани) преку процесот на учество на целата заедница. Процесот беше комплетиран во Декември 2008 со одобрувањето на сите Стратешки планови на ЛЕР од страна на општинските совети.
ЛЕР грантови
Проектот за локална самоуправа додели три гранта за имплементација на ЛЕР алатките во три општини (Гази Баба, Свети Николе и Пробиштип) и беше иницирана соработка со општина Струмица.
Гази Баба – ЦИСКО Институтот за претприемаштво.
Еден од стратешки приоритети на општина Гази Баба е да се справи со проблемот со невработеноста на младата популација. Поради тоа целта на овој проект е да се подобри бизнис средината во општината со обезбедување можности за млади претприемачи со проширување на секторот за инфрматичка и комуникациска технологија. Во првата година имплементатор на проектот беше “YES” фондацијата, преку преведената и прилагодената програма за ЦИСКО Институтот за претприемаштво Започнување на бизнис. Се очекува дека отприлика 60 млади луѓе ке го посетуваат и успешно ќе го завршат курсот и со тоа ќе ги подобрат нивните квалификации за можностиет во полето на Информатичка и комуникациска технолологија во Македонија.
Свети Николе – Фондација за обнова и развој на Овче Поле (ФОРОП)
Тренинг програмата за регистрирање на претприемачите во земјоделството ќе ги направи фармерите свесни за за потребата да се кфалификуваат за владините програми за подршката на земјоделството и грантовите кои што ги овозможуват Европските фондови. Партнерот за имплементација на грантот за ЛЕР во Свети Николе е фондацијата ФОРОП. Како подготвителна фаза на Проектот за развој на микро- бизнисот на фармерите, информативната брошура – Легализиран фармер: Патот за посигурна иднина – беше изработена и публикувана. Сите работилници и семинари ги имплементираше АГРО ФОРОП, Центарот за едукација и истражување, кој што е прво школо во Македонија за континуирана едукација на фармерите. Целите на работилниците беа да се информираат фармерите за легализацијата на бизнисот и можноста за финансиски средства и кредит за легални агрикултурни бизнис интереси. Работилниците беа одржани во Свети Николе и околните села и беа посетени од 400 фармери.
Пробиштип ЈПП за изградба на Зелен Пазар – Физибилити Студија
Проектот за локална самоуправа го подржува развојот на физибилити студија за ЈПП за изградба и одржување на зелен пазар и административно- деловна зграда преку ЛЕР грантот во Пробиштип, доделен на Невладината организација (НВО) – Цивилна Перспектива. Во првата година повеќето од планираните активности беа комплетирани , вклучувајки ја и подготовката за јавна набавка на цонсултанстка компанија, селекциа на консултанстка компанија и бизнис истражување за мерење на нивото на интересот за етаблирање на ЈПП за зелен пазар.
|