Процесот на децентрализација во Македонија успешно се имплементира веќе пет години. Во текот на имплементацијата во некои области се идентификувани и одредени недостатоци. Пет годишната имплементација генерираше и соодветни информации неопходни при дизајнирањето на политики за отстранување на недостатоците. МЛГА ги користи ваквите информации за да обезбеди поддршка на ЗЕЛС и централните власти при дизајнирањето на ваквите политики.
Компонентата на МЛГА чија цел е обезбедување на поддршка при градење на политики за финансирање на општините, обезбедува техничка поддршка во две клучни области:
- Подобрување на меѓувладиниот систем на трансфери, со посебен фокус на фискалното порамнување, и
- Пренесување на надлежноста за управуавње со градежното земјиште на општините – клучна за локалниот економски развој
Дизајнирањето и воспоставувањето на сеопфатна база на податоци за општинските финансии (на барање на Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС) е основа на активностите на компонентата на МЛГА за политики за финансирање на општините. Користејќи ги податоците до најситните детали, МЛГА беше во состојба да презентира слика за развојот на финансиите во системот на локалната самоуправа во изминатите четири години. Понатаму, ваквите податоци овозможија Програмата да даде препораки за подобрување на ефикасноста, ефективноста и еднаквоста во меѓувладините фискални релации во Македонија.
Општинската база на податоци е основа на напорите на структуирање и подобрување на дијалогот меѓу главните страни во овој процес со цел – дизајнирање на политики за унапредувањето и подобрувањето на системот на финансирање на општините во Македонија. МЛГА работи заедно со ЗЕЛС во градењето на капацитетите на оваа институција за истата да ја користи ваквата аналитичка алатка во текот и по завршувањето на Програмата.
Друга клучна област со особено значење за процесот на децентрализацијата е пренесувањето на надлезноста за управување на градежното земјиште на општините. МЛГА директно учествуваше како ресурс на работната група формирана од страна на Министерството за транспорт и врски при дизајнирањето на Стратегијата за децентрализација на менаџментот со градежното земјиште, која Владата на Република Македонија ја усвои во декември, 2009. По усвојувањето на овој документ од страна на Владата, МЛГА продолжи да обезбедува поддршка и директно да учествува во работната група при креирањето на правната рамка со цел пренесување на надлежноста на општините за ефикасно и ефективно управуање и користење на градежното земјиште за целите на локалниот економски развој.
|