За нас
    Публикации
     Успешни
     приказни
     Галерија
    Контакти
 

Корисник

Лозинка

 
Наизменични Активности

Резултати до денес

Програмата за најдобра општинска практика.

Програмата за најдобра општинска практика е една од програмите на Проектот за локална самоуправа имплементирана во соработка со ЗЕЛС и Советот на Европа.

За промоција и подобро објаснување на Програмата за најдобра општинска практика, четири регионални информативни состаноци беа одржани за Градоначалниците во Македонија и општинските службениците. Беа презентирани и едукативни материјали во вид на проспекти.

Беа одржани сесии за прашања и одговори. Вкупно 43 номинации за најдобра практика беа добиени од 18 општини ( Велес поднесе 19 номинации: Koчани и Аеродром по 3 номинации, Штип и Неготино по 3 номинации и Струмица, Центар, Долнени, Охрид, Крива Паланка, Кавадарци, Делчево, Гевгелија, Вевчани и Битола по една номинација). Во продолжение се вкупниот број на општински номинации добиени за специфични теми за најдобри номинации добиени за специфични теми за најдобра практика:
  1. Јавни услуги: Подобрување на квалитетот на услугите во процесот на децентрализација: 16 номинации
  2. Учество на граѓаните: Промоција на учеството на граѓаните во процесот на донесувањето одлуки: 16 номинации.
  3. Зголемување на приходите од сопстевни извори: 7 номинации.

Во табелата во продолжение има преглед за потесниот избор на номинаците за Најдобра општинска практика:


Бр.

Општина

Тема

Практика

Вкупно  поени

Ранг

1.

Долнени

2

Администрирање на даноците во Општина Долнени

287

1

2.

Охрид

3

Информативен центар за документирање, регистрирање и категоризирање на сместувачките капацитети и мониторирање на плаќањето туристичката такса во основните и комплементарните сместувачки капацитети

277

2

3.

Струмица

3

Урбано обновување, реконструкција и изградба на градски пазар

269

3

4.

Босилово, Василево и Ново Село

1

Формирање на општи административни тела

263

4

5.

Струмица

3

Процесите во менаџирање на децентрализацијата, транспарентноста и одговорноста – критични фактори за зголемување на стапката за наплата на данокот за имот и наплатата на кумуналните такси.

259

5

6.

Велес

2

Делегирани авторитети

253

6

7.

Велес

1

Медиумска покриеност на состаноците на општинскиот совет преку електронски медиум

251

7

8.

Битила

3

Наплата на даноците – ажурирање на базата на податоци за недвижностите  со автоматско процесирање на податоците

251

7

9.

Гевгелија

1

Децентрализирани канцеларии за постигнување на комуникација за подобрување на услугите за граѓаните

250

8

10.

Кочани

3

Одржување на енергијата – употреба на соларната светлина во Гоцева Шума, семафори на соларна светлина и ветерници на Лукубија споменикот

245

9

11.

Вевчани

3

Реконструкција на системот за водоснабдување- нов систем за дистрибуција и контрола на водоснабдувањето

245

9

12.

Велес

1

Децентрализирани општински канцеларии – услуги за соседството

245

9

Шест практики беа издвоени како најпрепознатливи за плакета од највисоко ниво со Програмата за најдобра практика за 2008 во доменот на Јавните Финалисти на Програмата за најдобра практика во доменот на Јавните услуги/Учеството на граѓаните/Финансискиот менаџмент. Раководниот орган го верификуваше процесот за селекција и утврдување на ранг листата на општините.
Во продолежение е ранг листата на шесте наградени општини:


Бр.

Општина

Најдобра практика на општината

1.

Долнени

Промовирање на учеството на граѓаните во донесувањето на одлуките

2.

Охрид

Системот за Информациски менаџмент за евиденција, регистрација и категоризација на сместувачките капацитети и мониторирање на плаќањето на туристичката такса за основните и комплементарните сместувачки капацитети

3.

Струмица

Реконструкција и надградба на Градскиот трговски центар

4.

Босилово, Василево и Ново село

Формирање на заеднички административни тела

5.

Вевчани

Реконструкција на системот за водоснабдување со нов систем за дистрибуција и контрола на водоснабдувањето

6.

Велес

Делегирани авторитети

Церемонијата за препознавање на најдобрата практика во општините за 2008 на ЗЕЛС беше одржана во Скопје на 31 октомври 2008. Вкупно 240 учесници беа поканети вклучувајки градоначалници , претседатели на општинските совети, претставници од нладлежните министерства, амбасадори, донатори и останати гости. Претседателот на ЗЕЛС, г-нот Коце Трајановски, Специјалниот претставник Амбасадорот на ЕУ, Директорот на мисијата на ЕУ г-нот Ерван Фуере и директорот на Центарот за експертиза во реформите на локалната самоуправа при Советот на Европа, г-нот Џовани Ди Стаси, одржаа поздравн говор. Овицијалната веб-страна на Најдобрата општинска практика (www.bestpractices.org.mk) беше промовирана на овој настан. Дополнително беше изработена и публикација “Најдобра општинска практика во 2008” во соработка со ЗЕЛС и Советот на Европа.

Програма за општинска иновација

“Реплицирање на тоа што успева некаде на друго место преку ефикасен начин со намалени трошоци за подобрување на управувањето и извршувањето на услугите ”

Една од петте наизменични програми што Проектот за локална самоуправа ќе ја користи како дел од својата стратегија за постигнување на целите на проектот е Програмата за општинска иновација, која што е логичен составен дел на Програмата за најдобра општинска пракса. Крајната цел на двете програми е да се изнајдат нови и ефикасни решенија за проблемите во локалната самоуправа и со тоа да се подобри управувањето и напредувањето на децентрализацијата, во секојдневните активности и извршувањата на услугите во општините во Република Македонија.



Partners
USAID FROM THE AMERICAN PEOPLE
USAID 50th anniversary

ZELS

Association of finance officers
За нас | Дискреција | Публикации | Успешни приказни | Симнување на Plug - In | Контакти
  Информациите истакнати на оваа веб страна не се официјални информации од Владата на САД и не претставуваат ставови или мислења искажани од Американската Агенција за Меѓународен Развој (УСАИД) или од Владата на САД
 © 2009 УСАИД Проект за локална самоуправа. Сите права задржани.