Резултати до денес
Процесот на Децентралзиација и трансферот на одредени овластувања, моќ и должности од цетрално на локално ниво започна на 1 Јули 2005 година. Во најголемите овластувањња кои доаѓаат со децентрализацијата е вклучено и раководењето и организирањето на образованието, културата, природното опкружување, заштита од пожари и Локалниот Економски Развој (ЛЕР). Втората фаза на децентрализацијата започна на 1 Јули 2007 година со дополнителни одговорности (како на пример комплетна ингеренција над основното и средното образование) пренесени на општините. Локалните власти ги извршуваат своите должности претежно со средства префрлени од централната власт, во форма на трансфери – наменски дотации (Фаза 1) и блок дотации (Фаза 2) за одделни корисници на буџет. Износот на средствата кои централната власт ги префрла во втората фаза се 70-80% повисоки во споредба со првата фаза од децентрализацијата. Ова драматично зголемување на буџетските средства ја зголемува важноста за соодветно сметководство, буџетирање и финансиски менаџмент.
Поради тоа активностите на Проектот за Локална Самоушрава во Македонија, во областа на смемтководство, буџетирање и финансиски менаџмент во изминатата година воглавно беа фокусирани на следниве точки: 1) претставување на ползата од услугите на независни ревизоркси куќи како начин за подобрување на општинското финансиско менаџирање; 2) имплементирање на Меѓународните стандарди за сметководство во јавниот сектор (IPSAS) како алатка која ќе се користи за подобрување на сметководството и буџетирањето.
Независа Надворешна Општинска Ревизија
Во практика сите држави со добри стратегии за децентрализација со квалитетни, ефикасни, добро организирани локални самоуправи со надворешни независни ревизори, имаат главна улога во високо-квалитетен финансиски менаџмент. Развојот и одржувањето високо ниво на општинска кредитоспособност не е единствената предност што ја нуди годишниот извештај на независна ревизорска куќа. Постојат низа други бенефиции, вклучувајќи ги препораките за квалитетен финансиски менаџмент, како и зналчително подобрена транспарентност и одговорнсот на општината пред граѓаните.
Еден од приоритетие на УСАИД Проектот за Локална Самоуправа е да се стимулираат општините да прават годишни ревизии на нивното работење, со цел да се подобри, т.е. зголеми, довербата на граѓаните и да се намали јавното мнение за корумппираност и измами во општинит. Проектот за таа цел организираше состаноци со ревизорските куќи во Македонија да се запознаат со новите активности кои ќе ги превземат општините. Беше одржана работилница за презентираање на сите можни бенефиции од надворешните независни ревизии, на која учествуваа општините кои се согласија да бидат дел од овој пилот проект.
Процесот започна со изработка и објавување на тендер за ревизорски понуди за ревизија на шест општини: Гостивар, Дебар, Василево, Велес, Пробиштип и Карпош. Изработката на тендерската документација во целиот овој процес е од големо значење за работењето на општините бидејќи тие и во иднина ќе го користат истиот. Сите шест општини активно учествуваа во процесот, особено во областа на развивање на критериум за избор на ревизорска компанија. Од голема важност е општините да ги видат предностите и целта на овие активности. Со цел да се подобри финансискиот менаџмент на општините тие ќе ги објават ревизорските извештаи и препораки, со што ќе придонесат и кон подобрување на транспарентоста кон граѓаните.
Општинските ревизии започнаа во Октомври 2008 и финалите извештаи одобрени од општините беа готови во Јануари 2009 година. Приготвените извештаи од ревизорските куќи ќе бидат објавени на општинските веб-страници.
Сметководство, Буџетирање и Финансиски Менаџмент
Сметководството е една од најважните функции во една организација, без разлика дали е таа непрофитна, јавна институција или интернационална бизнис компанија. Сметководството исто така е важен дел за секојдневното функционирање на една општина, преку кое целосно се следи развојот и се прават планови за идните активности. Сметководството ги собира и поднесува сите финансиски информации во извештаи и пресметки. Извештаите се наменети за самата општина, за централната власт и за нејзините соработници. Прецизно и точно сметководство и помага на општината да го формулира соодветни одлуки за развој и самоодржливост на финансиски здрава општина. Сметкводството како функција е регулирано со посебни стандарди. Македонија се труди да се приближи кон Европската Унија, со тоа мора да ги прилагоди националните сметкводствени стандарди кон евроспките, особено оние кои треба да се соодветни со термините и регулациите на Европската унија .
За јавниот сектор кој работи на сметководство на готовинска основа ,,Меѓународните сметководствани стандарди за јавниот сектор на готовинска основа,, треба да се имплементираат и практикуваат од страна на Македонските општини. Правилникот за примена на овие стандарди беше објавен во Службен Весник на Република Македонија бр. 116 (страна 117) од 29 Декември 2005 година, со препорака за нивна имплемантација од 1 јануари 2006.
Развојот и имплементирање на сметководствените политики е првиот чекор кон имплементирање на Меѓународните стандарди. Со помош на овие процедури ќе се развијат сметководствени насоки за сметководство и адмиистративна конзистентност на подолг период, со што ќе се спои сметководствените активности со соодветните финансиски закони и регулативи:
- Основни начела
- Утврдување на приходи и расходи
- Финансиски резултат
- Финансиски извештаи
- Сметководствена евиденција, внатрешна контрола и внатрешна ревизија
- Сите останати области кои се значајни за општината во секојдневното финансиско работење.
Според првичните проценки кои проектот за локална смоуправа ги доби преку прашалникот за финансиски менаџмент и по првите резултати од Индексот на Општинските Капацитети, само пет општини ги пријавија споменатите сметководствени стандарди. Со помош на УСАИД Проектот за Локална Самоуправа, Општина Пробиштип ги обнови постоечките сметководствени процедури да бидат во тек со актуелната состојба во општината. Дополнителен член беше додаден во сметководствените процедури за внатрешна контрола и ревизија. Исто така проектот и помогна и на Општина Берово, која претходно немаше воспоставено сметоводствени политики.
Зголемување на капацитетите на општините за сметководство и буџети
Имплементација на добар софтвер за финансиски менаџмент е многу важна алатка за управивање со финансиските ресурси и заради тоа УСАИД проектот за локална самоуправа ќе го обезбеди овој софтвер, преку кој општините ќе можат да го подобрат целокупниот финансиски менаџмент.
За времетраење на предходниот УСАИД проект за децентрализација, софтвер за финансиски менаџмент беше развиен и инсталиран во 60 општини. За времетраење на проектот планирано е овој софтвер да се инсталира во останатите 24 општини. Во првата фаза, која започнува во втората година од проектот, осум општини добија опрема, софтвер и обука за истиот.
Следни Чекори
Во втората година на работењето на Проектот за Локална Самоуправа ќе продолжи
поддршката кон општините во областа на сметководство, буџетирање и финансиски менаџмент и да ги охрабри општините са спроведат надворешни ревизии на своето работење. Сепак, одлуката обезбедување на ревизија од надворешни ревизорски куќи ќе се базира на волјата на општините да ги објават јавно истите, како и употребата на предходните ревизорски извештаи за подобрување на општинското работење, преку подобар финансиски менаџмент, зголемена транспарентност и отчетност и зголемен пристап кон кредитниот пазар.
Во областа на сметководството и буџетирањето ,УСАИД Проектот за Локална Самоуправа ќе ја продолжи практиката на УСАИД, да им помага на општините во Македонија, доделувајќи им опрема и модерно развиен софтвер за финансиски менаџмент.
|